Претседателот на ВБЦ изјави дека Фјури може да се бори за привремениот појас доколку се врати од пензија

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури во текот на кариерата неколку пати најавуваше повлекување, а потоа по некое време се враќаше на борбите.

Десет дена по вториот пораз од Александар Усик на крајот на 2024 година Кралот на Ромите повторно објави крај на кариерата во јануари и оттогаш не зборуваше на оваа тема.

Многу боксерски експерти сметаат дека Фјури сака да ја подигне цената за евентуална следна борба, а претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, му нуди шанса на Британецот да се бори за привремениот шампионски појас.

„Ја поддржуваме иницијативата категориите да имаат апсолутен шампион. Долго се боревме да дојдеме до неприкосновениот шампион во тешка категорија. Не сакавме да го принудиме Фјури да се бори со задолжителен предизвикувач, туку со Усик. Рековме и дека победникот може да организира реванш без никаква обврска кон предизвикувачот“, рече Маурицио Сулејман и продолжи:

„Појасот на привремениот шампион на ВБЦ моментално е во рацете на Кабајел и може да го брани против секого, вклучувајќи ги Џошуа, Вајлдер, па дури и Фјури. Зборував со Тајсон и тој повтори дека е во пензија. Му честитав, има пари и прекрасно семејство. Но, ако се предомисли, ќе направиме се за да може да се бори за појасот на привремен шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО