Љубителите на боксот ширум светот ја чекаат саботната борба за апсолутен шампион во полутешка категорија меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол.
Тод ДуБоеф, претседател на Топ ранг, беше сведок на подемот на многу големи борци, а Бетербиев е на пат да го додаде своето име на листата на легендарни боксери кои ја красеа промоцијата во САД.
Непоразениот Бетербиев има 20 победи со прекин што го прави еден од најуспешните боксери, а неговата неодамнешна серија вклучува победи над Калум Смит и Александар Гвоздик.
Бивол е веројатно неговиот најтежок тест досега, но ДуБоеф е убеден дека Бетербиев може да оствари уште една победа за да го зацврсти неговото наследство.
„Артур работи неверојатна работа“, истакнува Тод ДуБоеф и додава:
„Погледнете ја неговата кариера, тој е способен да влезе во рингот, да бара и уништи противник. Неговиот стил е одличен. Ова ќе биде тешка борба за двајцата. Има ли начин Бивол да победи? Па, тие двајца се големи борци, најдобри во својата категорија“.
ДуБоеф му се восхитува на Бивол и е целосно свесен дека на Бетербиев му претстои тешка борба.
„Артур е неверојатен, а огромниот напредок го покажа во борбата со Калум Смит. Целиот меч го притискаше Калум и го принудуваше да се повлече. На моменти делуваше незапирливо, тоа повторно ќе го видиме од него“, заврши Тод ДуБоеф.