Претседателот на Олимпија: Ќе почнеме да разговараме со федерации кои сакаат професионалци

„Многу сме и на број и имаме квалитетни деца борачи, организирани и професионален однос спрема децата и тие спрема нас“, вели претседателот на БК Олимпија, Марјан Атанасов и додава:

„Стрпливи се и тренират редовно. Секоја федерација која сака развој и квантитет и квалитет ја посакува Олимпија, па ќе почнеме да разговараме со федерации кои сакаат професионалци“.

Атанасов ја образложува причината за протетсот на штипскиот клуб.

„Причината за протестот на кој се одлучи БК Олимпија  е дискриминирачката и тенденциозна казна од страна на Дисциплинската комисија при Боречката федерација која не сакаше да ги земе во обѕир сите факти и аргументи од инцидентот кој се случи на првенството на кое орагнизатор беше БК Лирија. За волја на вистината, Судот за прекршоци за виновен за насилство во спортот го осуди токму нивниот тренер, а Дисциплинската комисија токму оваа пресуда не ја зеде во обѕир при донесувањето на казната и ја суспендира Олимпија од Боречката федерација“, истакнува Атанасов.

Од Боречката федерација РСМ велат дека тоа се две издвоини постапки, бидејќи за едната одлучува надлежен суд по пријава на МВР, а за другата Дисциплинската комисија на Федерацијата и затоа истата треба да се почитува.

Како што сега стојат работите, Олимпија треба да ја плати казната од 300 евра и да побара членство во Федерацијата, се додека не биде променета од надлежниот орган на БФРСМ.

Од целава работа најмногу губат децата кои се приморани да се борат за други клубови и во други држави за да го докажат својот талент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON