Томас Бах и одговори на олимписката шампионка Ивет Горанова кога каратето ќе се врати на олимписката програма

Олимписката шампионка во карате од Олимписките игри во Токио 2021 година, Ивет Горанова од Бугарија, лично му се обрати на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, кој е во посета на Бугарскиот олимписки комитет.

„Почитуван господине Бах, добредојдовте во Бугарија и ви благодарам што го поддржувате спортот во Бугарија. Ние со олимписката шампионка од Египет Ферал Абделазиз и олимписката шампионка од Србија Јована Прековиќ и јас, олимписката шампионка од Токио, започнавме иницијатива со која сакаме да го вратиме каратето во олимпиското семејство. Затоа што мислиме дека ги покриваме сите показатели и заслужуваме место во олимписката програма. Ви напишавме писмо кое сакам лично да ви го доставам и се надеваме на вашата поддршка“, му се обрати на Бах Ивет Горанова.

„Враќањето на каратето на олимписката програма зависи пред се од организациските одбори. Ги разгледуваме предлозите што ги добиваме од нив. Ова прашање потоа се упатува до раководството на МОК“, објасни Бах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON