Претседателот на Чеченија издаде соопштение по повод нападот на ќерката на Федор

ramzan-fedor

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров даде изјава со која ги осуда непознатите напаѓачи на ќерката на Федор Емилијаненко.

Нападот се случи само неколку дена откако познатиот борец јавно го критикуваше Кадиров за одржување ММА борба во која учествуваа деца.

Изјавата во форма на соопштение објавена е на официјалниот сајт на Владата на Чеченија.

„Ова е невиден инцидентот кој треба детално да се истражи и одговорните да се казнат со најстрога казна. И судијата не треба да го земе во обзир претепувањето, туку и провокациите со цел поттикнување на меѓуетничка омраза“.

„Тешко е да се поверува дека единствената цел била само претепувањето, нанесување на физичка болка пред грабеж. Со голема сигурност можеме да кажеме дека целта беше предизвикување на бес во јавноста“.

Министерот за внатрешни работи на Руската Федерација, Павел Милованов, во четвртокот изјави дека полицијата делумно ги идентификувала напаѓачите благодарение на камерите за надзор и дека ќерка на рускиот борец посведочила дека напаѓачите имале „словенски обележја“.

Кадиров издаде соопштение 24 часа по таа информација и додаде:

„Напаѓачот мора да се открие по секоја цена. Во Москва камерите за надзор го снимаат секој квадратен метар. Напаѓачот може и би требало да биде пронајден. Исто така и ние работиме на ова и ние сме подготвени да пружиме целосна помош. Луѓето кои претставуваат закана за децата мора да бидат изолирани и да не одат по патиштата кои водат до училиштата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON