Претседателот на Белатор сака да организира меч меѓу Федор Емелијаненко и Андерсон Силва

Бразилската боречка легенда Андерсон Силва следниот месец има боксерски меч против Јутјуб ѕвездата Џејк Пол.

Тоа ќе биде трет боксерски меч за поранешниот шампион на УФЦ откако ја напушти најголемата ММА организација.

Пред две години го имаше последниот меч во ММА, а потоа загуби од Урија Хол.

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, смета дека Спајдер треба да има вистинска проштална ММА борба и затоа би бил многу среќен да организира меч против Федор Емелијаненко во Јапонија.

„На Силва веќе му понудивме меч против Федор, но не дојдовме до сериозни преговори. Го контактиравме и сакавме да видиме дали има интерес за борба. Но, потоа се посвети на боксот. Сепак, не се откажуваме од таа идеја и би можеле тој меч да го организираме во Јапонија или во Њујорк“, изјави Скот Кокер и додаде:

„Ајде да направиме голема работа, сите со задоволство би ја гледале таа борба. Најголемиот на сите времиња против вториот најголем во историјата. Предизвикот би бил да се договориме за тежинската категорија, но ајде прво да разговараме. Првиот пат имавме краток разговор и потоа се откажав. Но, можеби треба да ја оживеат таа идеја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON