Претседателот на Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА), Умар Кремлев, се сретна со боксерите кои учествуваат на Светското првенство за мажи во Белград, Србија. Средбата се одржа во средата и стана фокус на програмата на штабот, со цел да се овозможи да се слушнат боксерите.
Учесниците одржаа демонстративен тренинг на кој покрај Кремлев беа и Иштван Ковач – генерален секретар на АИБА и двократен светски шампион, светскиот шампион Игор Мехонцев и амбасадорите на АИБА, меѓу кои и професионалниот боксерски шампион Рој Џонс Јуниор, двократен светски шампион шампион Роберто Камарел и германски шампионка Зеина Насар. По тренингот, боксерите добија подарок – ракавици.
„Нашите боксери треба да имаат глас што треба да се слушне, бидејќи ние сме тука да му служиме на нашиот спорт. Да не беа спортистите, боксот никогаш немаше да постои. Го повикувам секој боксер: не двоумете се да дојдете да разговарате со нас. Тука сме за вас“, изјави претседателот на светскиот боксерски центар Кремлев.
Откако Кремлев стана претседател на АИБА во декември 2020 година, тој одржа многу лични средби со спортисти и тренери во различни земји. Тој ја нагласува важноста да се биде близок со семејството на АИБА, бидејќи и самиот е поранешен спортист.