Меѓународната боксерска федерација (AIBA/АИБА) е пред големи промени, а и се заканува банкрот.
Извршниот комитет го одобри предлогот за гласање на недоверба на претседателот на АИБА Чинг-Ку Ву од Тајван поради лошото финансиско управување.
На состанокот во Москва предлогот е прифатен со гласање при што 13 членови беа „за“, а двајца воздржани.
Ву, кој е на чело на АИБА од 2006 година се обиде повеќе пати да го спречи гласањето за доверба.
До гласањето дојде неколку дена откако еден од најголемите кредитори на Светската бокс федерација, азербејџанската компанија Бенконс побара од Федерацијата веднаш да им го исплати долгот за кредитот од 10 милиони американски долари. Крајниот рок за исплата помина пред четири години. Кредитот вреди повеќе отколку што има АИБА пари на сметката, а Бенконс барај исплата во рок од 30 дена или ќе поденесе тужба.
Исто така и инвеститорот во маркетинг подружницата на гранка на АИБА, Б.M.A., бара враќање на нивните инвестиции во износ од 19,5 милиони долари.
На АИБА и стигнуваат тужби од неколку поранешни директори, кои беа отпуштени минатата година. Организацијата кој го води аматерскиот бокс минатата година потроши повеќе од еден милион долари на правни услуги.
Ву смени еден член на Извршниот одбор откако го постави прашањето во врска со можните недостатоци на пари и неправилностите, но швајцарскиот суд го врати на работа. Седиштето на АИБА е во Лозана.
Во следните три месеци ќе се одржи вонреден Конгрес на кој ќе се побара оставка од Ву и објаснувања во врска со наводните финансиски неправилности.
Некои од членови на Извршниот комитет беа крајно вознемирени кога дознаа дека Ву, кој е и член на Меѓународниот олимписки комитет од 1988 година, бил за предлогот за намалувањето на бројот на машки категории во боксот на Олимписките игри. Број на категории е намален на осум од сегашните 10, а бројот на женски категории е зголемен на пет.
Во согласност со прописите на АИБА, по изгласањето недоверба на Ву, веќе не може да работи, туку мора да избере привремено водство. Наследникот може да биде изберен на вонредниот Конгрес што ќе се одржи во следните три месеци, но можно е да се одржи и порано, можеби на Светското првенство во Хамбург во август.