Откако по победата појасот на УФЦ го посвети на цела Хрватска, Стипе Миочиќ не треба многу долго да чека неговиот голем успех да го пофали хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Пожарникарот од Кливленд се горда своите хрватски корени и често истакнува дека се бори за сите Хрвати. „Лијепу нашу“ (химната) ја спомена и во интервјуто во октагонот веднаш по освојувањето на титулата, па, поради тоа редно беше претседателката да му оддаде признание.
„Кливленд, имаме шампион! Хрватска имаме шампион“! Браво Стипе! Така се поврзува татковинската и иселенената Хрватска“, се вели на Фејсбук профилот на претседателката.