Алжирската спортска јавност реагираше жестоко поради нападите и навредите кои ги добива боксерката Иман Келиф од голем дел од јавноста која ги следи Олимписките игри, а која бара и дисквалификација на претставничката на африканската земја.
Келиф вчера се појави во боксерскиот ринг и го доби дуелот со Италијанката Карини по само 46 секунди, откако противничката реши да го прекине мечот поради силниот удар кој го добила од Алжирката.
Фактот што Светската боксерска федерација претходно ја имаше суспендирано Келиф, а Интернационалниот олимписки комитет и дозволи да се натпреварува на ОИ во Париз предизвика многу шпекулации и дистрибуција на непроверени информации, при што дел од фановите сметаат дека Алжирката е маж, иако таа имала само поголемо ниво на тестостерон на одредени испитувања.
Но дебатата која стана жестока околу тоа кој е вистинскиот пол на Имане, според најновите вести се очекува да заврши.
Алжирски новинар објави фотографии од детството на Келиф, сакајќи да потврди дека таа е девојка, жена и никогаш не била маж како што некој сака да го претстави тоа пред спортската јавност.
A WOMAN she was she is and she will be forever
due to the misinformations that spread accusing IMANE KHELIF this MUSLIM GIRL for being TRANSGENDER ! are LIES ! Those operations are totally BANNED IN ALGERIA #ImaneKhelif #IstandWithImaneKhelif her pics when she was younger ⬇️ pic.twitter.com/6ABUVtpDxA— the algerian lady (@thealgerianlady) July 31, 2024
„Имане Келиф е родена жена. Таа не е маж. Правото на промена на полот во Алжир, земјата која ја претставува, е нелегално и забрането. Таа поминува низ глобално малтретираше“, пишува Твитерџика од Индија со 1 милион следбеници.
Експертите и познавачите пишуваат дека Имане Келиф има вишок тестостерот и XY хромозом и дека е природно јака.
Дански научници тврдат дека жени со XY хромозоми постојат и дека нивниот процент е повисок од очекуваниот.
Imane Khelif is BORN WOMAN.
She is NOT a man.*The right to change their gender is illegal and banned in Algeria, the country she represents.*
Indians have harassed and harangued Shanthi Soundarrajan, a brilliant sportswoman, just because she didn’t look the way they expect a… pic.twitter.com/JzYvTNgTVV
— Chinmayi Sripaada (@Chinmayi) August 2, 2024
https://twitter.com/stairwayto3dom/status/1819042572368490657