Преспа почнува со тренинзи и се надеваат на големи успеси

Џудо клубот Преспа од Ресен по едногодишна пауза од денеска почнуваат со тренинзи.

Од клубот истакнуваат благодарност до Џудо федерацијата на Македонија за професионално изработените протоколи со кои се овозможуваат тренинзи во услови на пандемија.

„ЏФМ и претседателот Владимир Трпаноски покажаа  дека мислат на здравјето на своите членови и се надеваме дека што побрзо ќе помине и ова лудило кое го зафати целиот свет, за да продолжиме со квалитетно преставување на нашата држава и освојување на медали на европски, светски и, дај Боже, на Олимпијада“, велат првите луѓе на Преспа, Борче Недановски и Александар Фузевски.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON