Хабиб Нурмагомедов го победи Џастин Гејџи и ја одбрани титулата во лесна категорија УФЦ.
За непоразениот Дагестанец тоа беше 29-та победа во кариерата, по што тој најави пензија.
Тој и вети на мајка му дека по таа борба веќе нема да влегува во октагон без неговиот татко кој почина пред неколку месеци од ефектите на коронавирусот. Објави крај на својата кариера.
Неговата одлука одекна во светот на боречките вештини и го покрена прашањето кој би се борел за негов наследник.
Неодамна, шефот на УФЦ, Дана Вајт откри дека ја поддржува неговата одлука, но верува дека би можел да се предомисли.
Имено, Хабиб можеше да има барем уште една борба во која ќе се обиде да ја исполни желбата на татко му.
„Разговарав со Хабиб. Беше многу емотивен по настанот УФЦ 254 и неговата 29-та победа. Чувствувам дека ќе брка сооднос 30-0“, рече Дана Вајт и објасни:
„Неговиот татко имаше цел 30-0 и мислам дека ќе ја исполни таа желба“.
Првиот човек на најсилната боречка организација со тоа ја елиминираше можноста за организирање борба што ќе му донесе наследник на Хабиб. Сепак, Дагестанецот останува шампион.
„Нема да има борба на титулата или организација на меч за привремената титула. Хабиб е наш шампион во лесна категорија“, истакна Дана Вајт.
Ова значи дека судирот меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер закажан за 23 јануари сигурно нема да биде борба за титулата. Шефот на УФЦ го потврди нивниот меч.
„Верувам дека борбата меѓу Мек Грегор и Пориее е сигурна“, рече Дана Вајт.