Во главната борба на вечерта на УФЦ 256, што ќе се одржи викендов во Лас Вегас, бразилскиот ММА-борец Девисон Фигуеиредо против Мексиканецот Брендон Морено по втор пат ја брани титулата во мува категорија.
Бразилецот се враќа во октагонот по само три недели од последната борба во која го победи Алекс Перез со гилотина во првата рунда.
Но, на љубителите на слободните борби ќе бидат особено заинтересирани за борбата меѓу Американецот Тони Фергусон и Бразилецот Чарлс Оливеира, затоа што се верува дека ќе го даде еден од идните канидати за титулата.
Ова ќе биде прва борба на Ел Кукују откако загуби од Џастин Гејџи да ја прекине серијата од 12 победи.
Гејџи загуби во мечот за титулата привремен шампион во лесна категорија со технички нокаут во петата рунда.
Чарлс Оливеира има седум победи по ред, а секоја ја доби со прекин.
Победникот може да добие шанса да се бори за титулата во лесна категорија на УФЦ што ја држеше Хабиб Нурмагомедов.
Ветеранот Роналдо Соуза се бори со Кевин Холанд, додека поранешниот шампион во тешка категорија Жуниор дос Сантос ќе се обиде да ја прекине серијата од три порази во дуелот со непоразениот Французин Сирил Гане.
Погледнете ја оваа емисија на УФЦ Одбројување за последниот ППГ настан за оваа година:
https://www.youtube.com/watch?v=CUvtAOBl2Vw&feature=emb_logo