Ленокс Луис во негов стил најави пресметка со легендарниот Мајк Тајсон, под услов ако добие 100 милиони долари. Тој веднаш би се вратил во рингот и тоа против Тајсон, само доколку ја добие потребната сума на пари.
Луис го совлада Тајсон со технички нокаут во Мемфис во 2002 година, со нокаут во осмата рунда. Потоа го совлада и Витали Кличко во 2003. година, по што стави крај на својата кариера.
„Железниот Мајк“ кариерата ја заврши две години подоцна во 2005. Дали Тајсон ќе одговори на ова барање од Луис, останува да се види.