„Ќе биде тешко….но не и невозможно“, вели тренерот Александар Арсовски за полуфиналната борба на Петар Арсовски на Европското првенство во бокс за млади во Софија, Бугарија, кој треба да се бори со домашниот боксер Љубослав Методиев (Бугарија).
Арсовски (-54 кг) денес го совлада 5-0 Гркот Ремус Велис Антонио и обезбеди најмалку бронзен медал на Европското првенство за млади во Софија, Бугарија.
Меѓу овие двајца боксери има ривалство, бидејќи Петар е член на Локомотив Софија, а и Љубо на ЦСКА и нивниот досегашен скор е 1-1.
„Публиката веќе е поделена и загреана за ова дерби. Со Љубослав Методиев два ати сме го споделиле рингот, а резултатот е 1-1. Во домашното првенство на Бугарија, последното, односно Купот на Бугарија славеше Пепка со 2-1“, вели постариот Арсовски и додава:
„Нормално, блага предност од домашниот терен чуствува Љубо, но и притисок за резултат, кој инаку е бронзен од последното ЕП за јуниори“.
Со овој резултат младиот Петар се запиша во историјата на македонскиот бокс кој освои медал на Европско првенство.
Првиот медал е освоен пред 27 години од Примислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон Салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените. Во 2020 година Ардијан Аземи во Будва, Црна Гора, го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција, прв за Македонија кај јуниорите.
Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.
На ЕП учетсвуваат боксери од 39 држави со над 400 боксери и боксерки.
Европско првенство за млади:
54 кг
Петар Арсовски – Матус Јаницек (Словачка) 3-2 1/8 финале
Петар Арсовски – Ремус Велис Антонио (Грција) 5-0
Полуфинале
Петар Арсовски – Љубослав Методиев (Бугарија)