Познато е по колку ќе заработат Канело и Головкин за реваншот

Спортската комисија на Невада ги потврди загарантираните заработувачки за реваншот меѓу Генади Головкин и Сол Алварез.

Се чини дека Головкин во преговорите се изборил за поголем удел отколку во првата борба. Канело во мечот за титулата во средна категорија има загарантирана сума од 5 милиони долари, а  Головкин четири, иако се очекува и двајцата да заработат по десетици милиони откако ќе го добијат својот дел од плати-па-гледај.

Првата борба продаде 1,3 милиони ППГ, а се очекува, со оглед на сето она што се случуваше, реваншот да го надмине тој број.

За првата борба минатиот септември, Мексиканцот имаше гарантирани 5 милиони долари, а Головкин 3.

Брокерките од листата за оваа вечер ќе ги добијат следните износи:
Хаиме Мунгуија 250.000 долари
Брендон Кук 30.000 долари
Дејвид Лемо 200,000 долари
Гери „Спајк“ О’Саливан 400,000 долари
Роман Гонзалес 200.000 долари
Мојс Фуентес 35.000 долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON