Нобујуки Сакакибара во Токио официјално ја претстави својата нова боречка промоција.
Името е „Ризин“ (ориз), а на прес-конференцијата се појавија и лидерите на партнерските организации – Белатор,БАММА, КСВ и Џунгл Фајт. ТВ Спајк е медиумски партнер во САД.
„Ризин фајтинг ворлд гранд при“ е името на настанот што ќе се одржи од 29 до 31 декември, со боречки приредби на 29 и 31, а 30 декември е фан фест.
Целосниот распоред не е обелоденет, како што не е потврдено и името на протиникот на Федор Емилијаненко, Џаидеп Синг.
Извесно е дека ќе се борат Шинја Аоки и Казуши Сакураба, а настанот ќе настапат и РЕНА и Габи Гарсија.