Познато е колку ќе заработи Флојд Мејведер на мечот против Џон Готи Трети

Еден од најголемите боксери во историјата, непоразениот Флојд Мејведер викендов се враќа во рингот, а противник му е Џон Готи Трети, внук на мафијаш од Њујорк.

Нивниот дуел на настанот во Мексико Сити ќе биде реприза на мечот кој се одржа пред нешто повеќе од една година, кој заврши со прекин во 6.рунда .

Борбата во еден момент беше прекината поради преголемо зборување, а потоа настана хаос и масовна тепачка во рингот.

За Мејведер ќе биде првпат во долгогодишната кариера да се натпреварува во Мексико, а организаторите за да го доведат во рингот обезбедија многу солиден хонорар.

Тоа не е сумата што обично се заработува по натпревар, но не е ниту за фрлање. Како што пренесуваат некои медиуми, Флојд за натпреварот против Готи би требало да заработи меѓу 20 и 25 милиони долари.

Мејведер е познат по големите хонорари, за борбата против Конор Мек Грегор заработи 300 милиони долари, а против Мани Пакијао 250 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON