Отворањето на Летните олимписки игри изненади многу луѓе.
Летните олимписки игри сега се во полн ек, но церемонијата што им претходеше остави многу луѓе да гледаат со отворени усти. Жени со бради, мажи во перики и еден куп луѓе кои се потсмеваат на сликата на Тајната вечера, за што, патем, организаторите веќе се извинија.
Суштинското прашање што произлегува од ова е – Дали навистина е ова време во кое живееме? За жал, се чини дека наместо да ги зближи луѓето, Олимпијадата дополнително ги раздели. И со право. Во оваа статија се фокусиравме на реакциите на луѓето во боречката индустрија. Многу истакнати спортисти се спротивставија на церемонијата на отворање.
Меѓу критичарите се актуелните и поранешните шампиони од најпрестижната ММА лига во светот, УФЦ. Сите се изразија преку социјалната мрежа Х.
„Игрите во Париз се срам и темна дамка за меѓународното социјално движење кое го поддржува развојот на спортот. Треба да ги вратиме во Русија за да ги поправиме работите“, напиша шампионот на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев.
„Се прашувам зошто толку многу луѓе се загрижени за церемонијата. Сите знаеме дека Французите сакаат да бидат на колена“, изјави поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија, Шон Стрикленд.
„Овој свет ќе се распадне. Едноставно се е погрешно. Доаѓа крајот. Како би можеле да му дозволиме да стигне до тука?“, се прашува борецот на УФЦ во полутешка категорија, Џони Вокер.
„Луѓето треба да го бојкотираат ова само затоа што го исмеваат Исус Христос“, напиша боксерот Рајан Гарсија.
„Искрено, јас сум без зборови. Тоа мора да биде некаква порака бидејќи милиони луѓе ширум светот ја гледаат. Само не сум сигурен дали тоа е пораката што треба да ја пренесеме до луѓето“, изјави поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Камару Усман.
„Зарем Олимпијадата не беше секогаш напорна работа и дисциплина? Обично не го гледам ова, но само видов еден куп сатанистички хомосексуалци. Воопшто не ме чуди што Франција е полна со отстапувања. Западот е изгубен“, напиша поранешниот професионален кикбоксер Ендрју Тејт.
Olympics openly mocks Jesus’ Last Supper as drag queens dressed as women play the role of disciples while a plus size woman appears in the middle symbolising Jesus wearing a giant crown. pic.twitter.com/OeW2B6fvEK
— Oli London (@OliLondonTV) July 26, 2024