Вчера Македонија доби уште тројца државни прваци во бокс во склоп на првиот Меѓународен турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово.
Од предвидените три борби само една се одржа, додека во другите две противниците не се појавија во рингот. Државни прваци станаа Христијан Рајков (+80 кг) во кадетска конкуренција од Аперкат и во сениорска Алим Насуфи (-69 кг) од Синди и Алпај Демиров (-75 кг) од Фамилија Демирови.
Во единствената пресметка Насуфи беше подобар од Јахии и победи со судиска одлука.
Резултати:
Кадети
+80 кг Рон Бајрами (Шкендија но лимит) – Христијан Рајков (Аперкат) 0-2 (бб)
-69 кг Висар Јахии (Чаир) – Алим Насуфи (Синди) 0-2
-75 кг Цветко Митревски (Шкупи) – Алпај Демиров (Фамилија Демирови) 0-2 (бб)