Познати противниците на нашите каратисти на Премиер лигата во Каиро

Утре во Каиро, Египет, почнува Карате 1 Премиер лигата во Каиро на која ќе настапат тројца македонски каратисти Петар Спасеновски (-84 кг) и Стефан Стојановиќ (+84 кг) од Макпетрол и Вероника Костовска (-61 кг) од Олимпик спорт.

Денес беше жребувањето, а нашите каратисти го добија распоредот на настапи во групите.

Карате 1 Премиер лига – Каиро:

-61 кг – 4 група
Вероника Костовска – Беата Гривица (Латвија)
Вероника Костовска – Асел Канај (Казахстан)
Вероника Костовска – Трисја Сомбе (Франција)

-84 кг – 3 група
Петар Спасеновски – Тургут Хасанов (Азербијџан)
Петар Спасеновски – Рајбак Абделселем (Франција)
Петар Спасеновски – Валери Чоботар (Украина)

+84 кг – 3 група
Стефан Стојановиќ – Фредерико Супино (Италија)
Стефан Стојановиќ – Мераби Гелашвили (Грузија)
Стефан Стојановиќ – Хазем Мохамед (Египет)

На Премиер лигата настапуваат најдобропласираните каратисти во светот по категории, односно по 32-ца. Од групите во четвртфиналето натпревратите ги продолжуваат првопласираните каратисти.

Во Каиро ќе настапат 378 натпреварувачи од 65 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON