Македонските џудисти ги добија противниците на Европското џудо првенство во Софија, Бугарија, кое почнува на утре и ќе трае до 1 мај.
Еди Шерифовски во категоријата до 81 килограм ќе се бори со Михаил Латисев од Молдавија, додека Андреј Чакаровски (-90 кг) ќе се сретне со Јохан Ленц од Германија.
Шерифовски се бори во сабота, а Чакаровски во недела.
На Европското првенство ќе настапат 362 натпреварувачи, 207 во машка конкуренција и 155 во женска, од 40 држави.