Реномираниот бразилски ММА борец Мајкел Фалкао почина од тешки повреди откако беше избоден со нож на улица пред кафуле во неговиот роден град Пелотас.
По инцидентот бил пренесен во болница, но во текот на ноќта ја загубил борбата за живот.
Полицијата трага по лицето кое во конфликтот му нанесе смртни повреди на 40-годишен борец.
Фалкао имал дури 59 професионални борби, победил 40 и загубил 19.
Се борел во некои од најголемите ММА организации во светот како УФЦ, КСВ и Белатор, а неговите последни настапи биле во српскиот СБЦ.
Последната борба ја имаше минатиот октомври против Немања Увериќ, а во 2019 година ја освои титулата во полутешка категорија на СБЦ.
Потоа го совлада Игор Покрајац, но неколку месеци подоцна славеше во реванш со хрватскиот борец.