Нусрет Гокче, која е попознат на социјалните мрежи како „Солт бах“ сака да се испроба во боречките вештини. Неговиот атрактивен начин за засолувење го заслади неговиот живот со тоа што го направи светски познат и не губеше време да ја искористи големата слава со отворање ресторани секаде каде што луѓето беа заинтересирани за него. 36-годишниот готвач сериозно размислува да се проба во ММА и не се плаши од никого.
Гокче изјави дека секое утро станува рано за да тренира, а потоа работи цел ден. Нусрет е подготвен да се бори со најдобрите во УФЦ и посака тоа да се Хабиб или Мек Грегор.
„Јас сум месар, но сакам и спорт. Станувам рано секое утро, за да тренирам, а потоа да работам надвор. Секако, спортот е многу важен.
Храната, месото и протеините се многу важни за секој спортист. Подготвен сум за Хабиб, Мек Грегор и сите други. Да, ги почитувам, но еден ден ако ме поканите, тогаш ќе бидам подготвен да се борам“, изјави Гокче.