Познат боксерски аналитичар тврди дека Баколе е „казнет“ затоа што го нокаутирал Андерсон

Боксерскиот аналитичар Поли Малињаџи тврди дека Мартин Баколе (21-1, 16 КО) требало да добие шанса на неодамнешниот боксерски настан во Ријад, откако го победи Џаред Андерсон (17-1, 17-1, 15 КО).

Поранешниот двократен светски шампион Малињаџи истакнува дека пресметката на настанот во Лос Анџелес била организирана за промоција на Андерсон, но мечот не завршил како што некои посакувале, а одличниот Конгоанец уште еднаш паднал во втор план.

Андерсон (25) беше многу рекламиран борец кого неговите промотори во Топ ранг го подготвуваа како нов крал на тешката категорија, како замена за остарените Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Но, Баколе со брутален нокаут ги уништи плановите на промоторот, а на некој начин и ја разниша кариерата на Џаред.

Малињаџи додава дека на настанот на 21 декември неговото место го заслужил само Сергиј Богачук, додека противник на Усик во главната борба требало да биде Баколе, а не „стариот, брадест и пијан Тајсон Фјури“.

„Борбата меѓу Андерсон и Баколе беше организирана исклучиво за промоција на Џаред. А на крајот тоа беше бесплатен подарок за Мартин Баколе. Никој не сметаше на него. Чувствувам дека со Баколе се однесувале неправедно. И наместо да биде награден, сега испадна дека е казнет затоа што го претепа Андерсон“, изјави Поли Малињаџи, а потоа продолжи:

„Баколе треба да се врати во игра. Ако сакаат да продолжат да го прават тоа, тогаш мора да има стандарден сет. Има многу позитивни работи што се случуваат на овие големи настани. И ова не е критика. Би рекол дека тоа е само конструктивна критика на некој начин, бидејќи има многу за пофалби за настаните во Саудиска Арабија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО