Боксерот од Фиџи, Убад Хајдер им подлегна на повредите стекнати на борбата против Рунки Жу за ИБО титулата на Океанија.
Борбата заврши со победа на кинескиот боксер и тоа со прекин во деветтата руна, а и покрај тоа што ништо не наговестуваше на кобно сценарио, Хајер кој претходно свесно ја заврши борбата, се поздрави со публиката и противникот, по истата заврши во болница каде мораше да помине и низ оперативен зафат на мозокот.
Две недели подоцна го загуби и својот живот, оставајќи зад себе споруга и два синови.
Случајот нема да се затвори тука бидејќи неговиот татко најави тужба против официјалните лица кои го промовираа настанот.
View this post on Instagram