Дебитансткиот меч Александар Усик во тешка категорија против Карлос Такам (36-5-1, 28 КО) не успеа, поради тоа што Украинецот се здоби со повреда во текот на подготовките за мечот. Веста ја соопшти промоторот на Усик, Александар Красјук, на Инстаграм.
„За жал, Александар Усик заработи повреда и своето деби во тешка категорија, кое требаше да биде на 25 мај во Нешнал Харбор, нема да се одржи. Сакаме Саша брзо да се опорави! Новиот датум за мечот ќе биде објавен во блиска иднина“, рече Красјук.
Усик е светски шампион во лесно-тешка категорија на ВБЦ, ВБО и ИБФ (16-0, 12 КО). Нешто пред повеќе од една година, имаше повреда на лактот, зардаи која и се оперираше.