Светскиот боксерски совет (ВБЦ) му ја укина доживотната казна на рускиот професионален боксер во тешка категорија Александар Поветкин, соопшти ТАСС.
Русинот беше казнет откако на 6 декември минатата година беше позитивен на допинг тестот на супстанции за подобрување на физичката издржливост „остарин“.
Иако му е укинатата казната, Поветкин ќе треба да плати парична казна во износ од 250 илјади долари.
На 1 јули оваа година Поветкин го победи сонародникот Андреј Руденко за континенталната титула на Светската боксерска организација (ВБО) и интернационалниот појас на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во тешка категорија.
На 15 декември Русинот ќе се бори со Романецот Кристијан Хамер за одбрана на Интернационалниот појас на Светската боксерска асоцијација.
Поветкин има 32 победи на професионалниот ринг, од нив 23 со нокаут, и само еден пораз.