Поветкин се измачи со спаринг партнерите за мечот со Вах

Povetkin so trenerka

Руската боксерска ѕвезда во тешка категорија, Александар Поветкин, призна дека се измчил со тешките спаринг мечеви пред следната средба натпревар. Олимпискиот шампион од Атина во 2004 година ќе се бори со полскиот гигант, Мариуш Вах. Мечот ќе се одржи на 4 ноември во Казан.

„Правам две спаринг сесии на ден, пет дена во неделата. Со мојот тренерски штаб ја проучуваме тактиката на противникот и градиме стратегија. Вах е трпелив боксер, кој е многу силен. Не беше лесно да се најдат спаринг партнери поради неговата големина. Задоволен сум од тренажниот процес“, истакна Поветкин.

Меѓу партнерите за спаринг на Поветкин бил и Роберт Хелениус.

https://youtu.be/olYxX3Bi6ZI

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON