Александар Поветкин (33-1, 23 КО) ќе се бори во воведниот дел на настанот Џошуа – Паркер против Дејвид Прајс (22-4, 18 КО).
38-годишниот Русин со победата против Кристијан Хамер во мечот за ВБА интерконтинеталната и ВБО интерконационалната титула во декември стана задолжителен предизвикувач на ВБА федерацијата.
Поветкин ќе го ризикува својот статус на задолжителен предизвикувач против 34-годишниот Британец на стадионот во Кардиф. Ова е можност за нејговиот настап во Британија да се доближи на тамошната публика.
Прајс е освојувач на олимписк бронза од Пекинг 2008 и е аутсајдер во оваа борба. Во последните пет години четири пати беше нокаутиран, последен пат во февруари минатата година против Хамер, кого Русинот лесно го победи.
Застапниците на Рускинот веќе разговараа со промоторот на Џошуа за нивната борба во текот на летото.
Сето тоа ќе се смени ако Прајс успее да го победи и поради тоа Поветкин нема да оди по секоја цена на нокаут.
„Прајс е висока борец и потребно е правилно да се подготвам за борбата со него. Борбата со високи противници ми е слаба точка. Неопходно е да се подготвам за борба од блиску“, рече Поветкин.
„Прајс психички не беше подготвен за борбата со Хамер. Добро се бореше, но беше многу уморен. Јасно може да се види дека не падна од ударите туку од исцрпеност. Можеби имал некои проблеми за време на подготовките. Во тешка категорија секој удар може да одлучи. Никогаш не размислувам за тоа дали сум фаворит или аутсајдер“.
https://youtu.be/5k3KuiPst0Q
Шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер на 3 март ја брани титулата против Луиза Ортиз. Тој, исто така цели на борба со Џошуа. Олимпискиот победник од 2004 година верува дека ќе добие шанса пред Американецот.
„Борбата со Прајс е отскочна штица за борбата со Џошуа, но мислам дека борбата меѓу Џошу и Вајлдер е само гласина. Тие многу тешко да се договорат. Колку што знам, постојат некои договори меѓу мојот промотор и претставникот на Џошуа. Но, сега не се борам со Џошуа, потоа ќе говорам за неговите предности и мани“.
„Секогаш сакам да покажам добра стратегија и работејќи го тоа можам да остварам се. Прајс е одличен противник, а јас во минатото имав проблеми со високите борци. Најдобар начин да се носам со нив е да водам борба од блиску, да разработам стратегија и сè друго ќе си дојде“.