Рускиот боксер Александар Поветкин изјави дека би бил среќен да има реванш меч против Украинецот Владимир Кличко, но нема да му биде толку жал ако не се одржи борбата, што е поверојатно.
Во 2013 година Кличко го победи Поветкин во Москва со едногласна одлука на судиите.
„Што и да кажете, Владимир Кличко е добар и силен боксер. Изгубив, не негирам. Не можев да направам ништо од тоа што го планирав. Ако е пишано уште еднаш да се борам, ќе бидам среќен, но ако не се случи – ништо не може да се направи. Нема да брзам да се турнам во таква битка, говорма дека лудо го сакам тоа“, рече Поветкин за ТАСС.
Русинот има уште еден меч со Дилиен Вајт, кој треба да се одржи кон крајот на зимата или во рана пролет. Во август, Поветкин го нокаутира Британецот во петата рунда во Англија.