Рускиот професионален боксер во тешка категорија Александар Поветкин нема намера да ја прекине кариерата.
39-годишниот Поветкин си допушти втор пораз во 36-от меч во кариерата и прв со нокаут на 22 септември во Лондон од Британецот Ентони Џошуа кој ги одбрани светските титули во верзиите на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО.
„Имам желба и ќе продолжам да боксирам. Во одлична здравствена состојба сум, расположен сум. Немам намера да престанам со боксот“, изјави Русинот на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BpBb16DFKr_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_script
„Следниот мој дуел најверојатно ќе биде во април во Англија. Се уште не знам против кого. Тешко е да се каже уште колку средби ќе се борам. Мислам дека тоа ќе зависи од моето расположение, а засега го имам. Мислам дека моите следни мечеви нема да бидат една или две“, додаде тој.