Мајкл Хантер веројатно ќе биде следниот противник на Александар Поветкин во тешка категорија. Ова го откри промоторот Андреј Рјабински, кој го застапува неговиот сонародник. Американецот е резервна варијанта на поранешниот светски шампион, кој моментално преговара со Тајсон Фјури.
„Една опција е да се бориме со Хантер во Саудиска Арабија на крајот на оваа година или на почетокот на следната“, објави Рјабински, додавајќи: „Работиме и на меч со Тајсон Фјури“.
Хантер во кариерата има 18 победи и 1 пораз. Билансот на Поветкин е 35 победи и 2 порази. Неодамна, Русинот на поени го совлада Хјуи Фјури.