Александар Поветкин смета дека Ентони Џошуа е подобар боксер од Владимир Кличко во неговите најдобри години и од Дионтеј Вајлдер.
39-годишниот Русин ќе се сретне со светскиот шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО оваа сабота на стадионот Вембли. Многу е веројатно дека со пораз ќе стави крај на неговата кариера. Поветкин има 34 победи и само еден пораз кој датира од 2013 година, кога беше совладан на бодови од Кличко.
7️⃣ DAYS TO GO!
@anthonyfjoshua defends his World Heavyweight Titles @wembleystadium vs mandatory challenger Alexander Povetkin! 🔥#JoshuaPovetkin pic.twitter.com/5VdvtZ164F
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) September 15, 2018
„Дефинитивно можам да кажам дека Џошуа е поголем предизвик за мене од Кличко. Од мечот со Владимир помина долго време, ќе ве уверам дека сум посилен, помудар, попаметен и подобар од кога било. Затоа, ќе му оддадам голема почит на мојот ривал, попрофесионално. Ентони и Вајлдер се опасни боксери, но моето мислење е дека чисто технички Британецот го надминува Дионтеј и ако се сретнат, ќе се обложам на него“, истакна Поветкин.