Потвредно: Сакураба против Хендерсон на 15 октомври на Ризин

Две ММА легенди, поранешниот шампион во УФЦ, Дан Хендерсон, а од неодамна член на Куќата на славните и Прајд ветеран, Казуши Сакураба, ќе направат меѓусебен меч на 15 октомври на Ризин.

Додуша, потврдено е дека во тој помалку егзебициски добој нема да има удирање, па ниту познатите „Х-бомби“. Двоецот, всушност, ќе одработи граплинг меч.

Веста е откриена минатиот викенд на Големата награда на Ризин во Саитама супер арена.

Колку за потсетување, Хендерсон се пензионира во октомври минатата година кога беше поразен од Мајкл Биспинг во мечот за шампион на УФц во средна категорија. Сакураба не се борел од декември 2015 година, но неодамна беше примен во Куќата на славните на УФЦ. Хендерсон е 46 години, а Сакураба е на бројката од 48. Сепак, со сигурност, во Јапонија овој меч ќе предизвика голем интерес.

https://www.instagram.com/p/BXKgrZtFmsP/?taken-by=saku39ks

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON