Хабиб Нурмагомедов (24-0) и Тони Фергусон (22-3) сепак ќе се борат за привремената титула на во лесна категорија на УФЦ.
Иако неодамна претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека Фергусон сака премногу пари за борба со 28-годишниот Русин, американската промоција го потврди одржувањето на борбата за 4 март на УФЦ 209 во Лас Вегас. За оваа борба е многу се зборуваше, а Нурмагомедов во еден момент му понуди на 32-годишниот Американец 200.000 долари свои пари за да ја пријати борбата.
Актуелниот шампион во лесна категорија, Конор Мек Грегор, си зеде пауза поради раѓањето на детето, а мечот за обединување на титулата треба да се одржи наесен.
Непоразениот Нурмагомедов од доаѓањето во УФЦ во 2012 година нанижа осум победи. Единственото нешто што го кочеше беа проблемите со коленото, заради кои беше отсутен две години.
Фергусон е поранешен победник на Ултимејт фајтер и е во серија од девет победи. Во последнот влегување во кафезот во ноември со едногласна одлука го победи поранешниот шампион Рафаел дош Ањош.