ЕОК и ЕТУ ги потврдија првите 224 таеквондо спортисти кои се пласираа за Краков-Полска 2023, меѓу кои се најдоа и четворица македонски натпреварувачи.
„Европските олимписки комитети (ЕОК) и Европската таеквондо унија (ЕТУ) со задоволство потврдуваат дека на Европските игри Краков-Полска 2023 година се доделени 224 таеквондо норми“, се вели во нивната објава.
Меѓу избраните се и нашите репрезентативци Дејан Георгиевски (+87 кг), Филип Додевски (-87 кг) и Анамарија Георгивска (73 кг) – сите од ТК Бутел и Милијана Релиќ (62 кг) од ТК Тигри.
Таеквондо по втор пат се враќа на Европските игри, откако беше дел од инаугуративното издание во Баку 2015, а Г4 оценувањето на натпреварот значи дека освоените бодови ќе им помогнат на спортистите да се пласираат на ОИ.
Tаеквондистите во Полска, од 23 до 26 јуни, ќе себорарт за медали во осум тежински категории и во машка и во женска, а првите 13 места за квоти се потврдени од ЕТУ и прифатени од релевантните институции.
Да потсетиме дека на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски освоија бронзени медали. Додека на вторите ЕИ во Минск, Белорусија, 2019 година, останавме без одличја, иако Павлов и Могамедгаџи Нуров беа блиску до бронзите. Нуров ја загуби бронзата на три секунди до крајот.
Во Полска ќе имаме повеќе спортисти кои ќе можат да се вмешаат во борбата за медали, предводени од олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски.