Спортската комисија на Невада го потврди она што го изјавија Рашид Еванс и Каел Сонен – дека Џон Џонс бил позитивен болкатори на естроген.
Џонс падна на хидрокси кломифен и летрозол, кој се користи како лек за третирање на канцер на дојката кај жените во менопаузата.
Привремениот првак во полутешка категорија шампион беше позитивен на допинг тест кој на 16 јуни го направи УСАДА во пресрет на УФЦ 200.
На седницата во Лас Вегас Комисијата едногласно ја изгласа привремената суспензија. Целото сослушување ќе се одржи во септември или октомври, кога ќе се одлучува за казна или отфрлање на случајот.
Џонс го најмил адвокатот Хауард Л Џејкобс, кој е познат по вакви случаи. Меѓу неговите клиенти биле велосипедистот Флојд Лендис и спринтерката Мерион Џонс.