Потвредено! На 5 март во Скопје, живата легенда на турското карате, Халдун Алагас, ќе одржи семинар.
Турскиот каратист е познат на македонската карате јаност, бидејќи со поголем дел се има среќавано на големите меѓународни првенства, како на светските првенства, така и на европските.
За тоа колку се почитуваат резултатите на Алагаш во Турција зборуваат фактите: изграден споменик, улица и спортска сала го носат неговото име.
Халдун Алагаш (1970) е двократен светски првак -1998 и 1999 година, трократен европски шампион – 1991, 1997 и 2000 година, а во 1989 година е вицешампион и пет пати освојувал бронзен медал -1990, 1992, 1996, 1998 и 2001 година.
Ipon.mk/В.Д.