Потврдени се тежинските категории во бокс за Олимписките игри во Токио

Меѓународниот олимписки комитет ги потврди тежинските категории за олимпискиот турнир во бокс на Игрите во Токио следната година.

Во согласност со предлогот, усвоен е системот за квалификации кој ќе започне во јануари 2020 година.

Според одлуката, во машка конкуренција ќе бидат 8, а во женска 5 тежински категории.

Квалификацискиот пат ќе се спроведува преку континентални квалификации, и финалниот светски квалификациски турнир.

На крајот на мај телото за аматерски во АИБА беше лишено од правото да организира турнир на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Но, боксот ќе остане дел од Игрите. Работната група предводена од претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација Моринари Ватанабе ќе биде задолжена за спроведување на натпреварот.

Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 168 боксери.

Бокс категории на ОИ 2020, мажи:

Мува (48кг до 52кг)

Перо (52 кг до 57 кг)

Лесна (57кг до 63кг)

Велтер (63кг до 69кг)

Средна (69кг до 75кг)

Полутешка (75кг до 81кг)

Тешка (81 кг до 91 кг)

Супертешка (+ 91кг)

Жените – 100 натпреварувачи во 5 тежински категории

Мува (48кг до 51кг)

Перо (54кг до 57кг)

Лесна (57кг до 60кг)

Велтер (64 кг до 69 кг)

Средна (69кг до 75кг)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON