Во морето на содржини на интернет откривме една исклучително интересна видео. Станува збор за гостувањето на Мирко Филиповиќ во Ноќна мора кај светскиот авантурист Жељко Малнар, кој своевремено гиостуваше на македонските телевизии и тргна по патеките на Александар Македонски со коњаница до Индија, а видеорто датира од 2002 година.
Филиповиќ тогаш беше борец кој штотуку направи премин од К-1 во ММА (која всушност тогаш никој не ја викаше така.) и најголемите успеси во боречката кариера беа пред него. Легендарниот Малнар навистина зборуваше за различни теми и е интересно да се слушне Филиповиќ како размислуваше пред 14 години и да се спореди со денешниот Мирко.
Некои работи всушност не се променети, додека кај некои гледаме нешто што е и очекувано од страна на созревана единка како личност и како борец. Покрај Филиповиќ гостуваше и политичарот гости Славен Летица, а емисијата е прикажана во ноември 2002 година.