Организатопрот на мечеви на УФЦ, Хантер Кембел, неодамна отпатува во Дагестан во обид да ја организира следната борба на шампионот во лесна категорија Ислам Махачев. Минатата година УФЦ објави документарец насловен „Фајтерс инц: Инсајд д’УФЦ (Fighters Inc: Inside the UFC)“, кој ја покажа работата на Кембел зад сцената, а фановите го опсипаа со пофалби за неговиот придонес во организацијата.
Hunter Campbell met with Islam Makhachev and his manager in Dagestan 👀
(via. @Rizvan_RM) #UFC #MMA pic.twitter.com/XR9d6vGqkC
— Championship Rounds (@ChampRDS) May 6, 2025
Фотографија од неговата средба со Махачев предизвика мешани реакции на социјалните мрежи:
„Разговараат како да го избегнат Илаја Топурија без да изгледаат исплашено“, напиша еден фан.
„Хантер има аура, тоа не може да се негира“, додаде друг.
„Хантер Кембел го носи УФЦ на грб, додека Дана Вајт има бескрајни споредни проекти“, забележа трет. Уште еден додаде: „Кембел е човекот кој навистина го води УФЦ. Дана е само лицето, но сите знаат дека Хантер е вистинскиот лидер“.
Фановите почнуваат да се грижат за намаленото учество на Дана Вајт во работите на УФЦ, особено по објавувањето на неговиот нов боксерски проект.
Кој ќе биде следниот противник на Ислам Махачев, ако не е Илија Топурија?
Доколку преговорите меѓу УФЦ и тимот на Махачев не резултираат со борба со шампионот во пердувеста категорија Топурија, останува само една реална опција – Џастин Гејџи.
По неговата спектакуларна победа над Рафаел Физиев, Гејџи го привлече вниманието на Махачев, кој јавно ја изрази желба да се бори со него.
Другите можни претенденти како Чарлс Оливеира и Арман Царукјан веројатно ќе мора да постигнат барем уште една победа пред повторно да се борат за титулата.