Последниот тренинг на Холифилд ги загрижи приврзаниците: Тоа е полошо отколку што очекував! (ВИДЕО)

Светотна боксот е изненаден кога легендарниот Евандер Холифилд одлучил да влезе наместо Оскар де ла Хоја на натпреварот против Витор Белфорт, што ќе се одигра ноќта во сабота кон недела.

Некогаш најдобриот боксер во тешка категорија на светот ќе наполни 59 години за еден месец, а неговиот последен боксерски професионален натпревар бил точно пред десет години. Од другата страна на рингот ќе биде 44-годишниот Витор Белфорт, кој нема посебно боксерско искуство, но е ММА борец кој знае да се бори и е многу подобар физички од својот противник.

Порталот ММА Фајтинг објави видео од тренингот на Холифилд, а легендарниот боксер делува слабо, бавно и не е ни блиску до борецот од неговите златни денови.
Фановите во коментарите се доста загрижени за Холифилд.

„Не очекував многу пред да кликнам на видеото, но ова е всушност полошо отколку што мислев дека ќе биде“, напишал еден обожавател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON