Британскиот професионален боксер, Амир Хан, потпиша договор за одржување на меч со Филипинецот Мани Пакијао, соопшти британскиот весник Дејли Мејл.
Средбата ќе се одржи на 9 април следната година во Лас Вегас. Потврда за тоа дека договорот е потпишан, добил Боб Арум, промоторот на филипинскиот боксер.
Пред тоа повеќекратниот светски шампион во бокс во различни категории, Мани Пакијао, рече дека на 9 април ќе ја одржи последената борба, по што целосно ќе се фокусира на политичката кариера.