Многу големи боксери беа и одлични нокаутер, а еден од нив секако е легендарниот Мајк Тајсон.
Поранешниот светски шампион дебитираше на почетокот на март 1985 година, кога го победи Ектор Мерцедес со прекин во првата рунда на возраст од 18 години и 249 дена.
Железниот Мајк победуваше со прекин (или нокаут) во следните 18 мечеви, а првиот што му ја издржа целата борба беше Џејмс Тилис.
Тие 18 победи со прекин се случија за една година и никој сè уште не го соборил тој рекорд.
А бидејќи знаеме колку ретко боксерите денес влегуваат во рингот, би помислиле дека овој рекорд ќе биде недостижен за друг пат.
Но, Хезус Тито Ескалера сериозно се доближи до тој магичен број. Имено, 43-годишниот Порториканец и претседател на Т&К боксинг промоцијата минатата година реши да се испроба во рингот.
Своето професионално деби Ескалера го имаше во октомври кога со прекин во третата рунда го совлада Виктор Бенитез, за кого тоа беше и прв меч во кариерата.
Потоа извојува уште 16 победи и сите ги заврши со прекин, па има шанса да го израмни, па дури и да го собори рекордот на Тајсон.
Доколку извојува уште една нокаут победа во следните 54 дена, ќе биде изедначен со Мајк Тајсон, а потоа може да испише историја.
Ескалера минатиот викенд со ТКО го совлада во првата рунда Марсело Леандро Да Силва (23-6).
https://twitter.com/TimBoxeo/status/1693103767036563555?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1693103767036563555%7Ctwgr%5Ee41b6a84846483d4c8f0bd6cb7b9f5a1759d4b11%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fboks%2Fportorikanac-43-blizu-nevjerojatnog-rekorda-mikea-tysona%2F