Порно актерка нокаутира огорчен рапер во ММА борба (ВИДЕО)

Руската порно актерка Елена Беркова се врати во ММА кафезот.

37-годишната Беркова беше предводник на последната гала вечер од рускиот Епик фајтинг шампионат. Елена се соочи со 51-годишен огорчен рапер Николај Должански. Човекот тежел 107 килограми, но сепак изгуби од 53 килограми тешката Беркова.

Николај се претставува како аматерски рапер и текстописец. Се појави во неколку телевизиски емисии. Меѓу нив се „Куќа 2“, „Ајде да се венчаме“, „Вечера“. Сепак, тоа не му помогна во кафезот против жестоката порно актерка.

Беркова беше многу поагресивна и побрза од Должански, кој не знаеше каде се наоѓа. Елена можеше да го нокаутира на крајот на втората рунда, откако Должански и го сврте грбот и и дозволи да го удри. Беше јасно дека Николај не сака повеќе да биде во кафезот.

Видео од овој циркус што забавува илјадници луѓе во Русија и ширум светот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON