Глори одржа уште еден настан на американско тло.
Во главната борба на настанот во Орландо, Печпаномрунг Кијатмоокао со убедлива изведба ја одбрани на титулата во перолесна категорија. 24-годишниот Тајландец ги доби сите пет рунди против Узбекистанецот Анвар Бојназаров.
Д’Анџело Маршал со едногласна одлука на судиите го победи поранешниот тренинг-партнер Јахфар Вилнис.
HEAVYWEIGHTS DROPPING 💣D’Angelo Marshall outworked Jahfarr Wilnis on his way to a decision victory! #GLORY67
HOW TO WATCH: https://t.co/bs1kjax1Fm pic.twitter.com/LTfWtRA5aQ— GLORY Kickboxing (@GLORY_WS) July 6, 2019
Американецот Кевин ван Ностранд го изненади поранешниот шампион Сериј Адамчук во перолесна категорија и го порази со едногласна одлука на судиите.
Елвис Гаши со удар со нога во телото и го нокаутира Џастин Хугтон за само 23 секунди.