Енди Руиз (33-2) се подготвува за враќање во рингот. Поранешниот светски шампион во бокс се бори со Крис Ареола (38-6-1, 2 НЦ) на 1 мај. Руиз се враќа по пауза од година ипол, и се подготвува на кампот со мексиканскиот тренер Еди Рејнос, кој инаку соработуваше со Канел Алварез. Боксерот беше познат по прекумерната тежина, но во последните објави на социјалните мрежи, тој може да се пофали со новиот физички изглед, и истакнува дека изгубил околу десет килограми.
„Отсекогаш сум бил со прекумерна тежина, но сега слабеам на вистинскиот начин. Гледам што јадам, не седам многу во сауна и не носам специјални одела за слабеење“, нагласува Енди Руиз и подвлекува дека не гладува:
„Го правев тоа, но не повеќе. Сега е многу подобро и се чувствувам одлично. Поради дебелината не можев да направам многу, а сега сум посилен и имам желба да направам нешто големо“.
Тоа ќе биде прв меч на американско-мексиканскиот борец од 7 декември 2019 година, кога загуби од Ентони Џошуа со едногласна одлука, а потоа мораше да ги врати титулите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО што ги освои шест месеци порано против Британецот.
Руиз тежеше 128,3 килограми во пресрет на реваншот против Џошуа, а подоцна се опушти уште повеќе. Пред да почне да тренира со Рејнос, се здебели уште десет килограми.
„Се надевам дека ќе стигнам до мечот против Ареола на 113 килограми“, рече Енди Руиз.
Крис Ареола некогаш беше успешен во тешка категорија, а три пати се бореше за светската титула. На патот го запреа Витали Кличко (2009), Бирмејн Стиворн (2014) и Дионтеј Вајлдер (2016).
Енди во последното видео покажа колку е сериозен: