Поранешниот првак му врати на Фергусон, одговорот на Хабиб изненади многумина

Тони Фергусон (25-5) се враќа во октагонот на 15 мај. Ел Кукуј на УФЦ 262 ќе се бори против Бенеил Дариуш (20-4-1). Тоа ќе биде негово прво појавување по поразот од Чарлс Оливеира што се случи на УФЦ 256 настанот минатиот декември.

И, како Тони тешко дека може да биде во мирување, повторно го испровоцира поранешниот шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.

Борбата помеѓу непоразениот Дагестанец и американскиот борец беше откажана пет пати, па Ел Кукуј повторно го прозва Хабиб дека постојано бега од нивната борба.

Овој пат, поранешниот шампион реши да му одговори на Фергусон и му рече:

„Наскоро имаш борба, твојот противник е многу тежок и најпотценет во лесна категорија. И, фокусирај се на него. На тебе и на твоето семејство ви посакувам се најдобро, иако мислам дека изгледаш како гомно“.

Поразот на Фергусон од Оливеира беше втор по ред откако шест месеци претходно загуби против Џастин Гејџи во борбата за привремениот шампионски појас.

Дариуш е во одлична форма со шест победи по ред. Последниот меч го имаше на 6 февруари на УФЦ Фајт најт кога го победи Карлос Диего Фереира со поделена одлука на судиите.

Настанот ќе се одржи во Хјустон пред полни трибини, а го предводи средбата за шампион во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON