Поранешната светска шампионка Бјанка Кук за победата на Мила Рељиќ: Добро знам колку Џејд е уништена, се надевам дека Мила ќе оди во финалето

Милјана-Мила Рељиќ имаше извонреден настап во осминафиналето на таеквондо турнирот до 57 килограми на Олимписките игри, совладувајќи ја првата борба двократната олимписка шампионка Џејд Џонс со 2-1.

Инаку, Џејд Џонс одеше на рекорд, односно да стане првата теквондистка која освоила три златни медали на Олимпијадите.

Македонската репрезентативка не се исплаши од двократната олимписка шампионка, покажувајќи голема храброст во текот на сите три рунди. Настапот на Мила се коментира и во британската јавност.

Сите угледни британски медиуми го пренесоа поразот на Џонс од талентираната македонска таеквондистка, а Бјанка Кук како поранешна светска шампионка излезе и со краток коментар.

„Добро знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам дека Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и дека ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронзата преку репасажот. Навистина сум скршена поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент“, изјави Кук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON